Формата ја следи фасцинацијата.
Со Arteon, Volkswagen презентира возило чијшто силен и препознатлив лик секој ден носи нова предност.
Атрактивност. Од секој агол.
Неговата издолжена силуета со долго растојание меѓу тркалата овозможува уникатен изглед отстрана, а и просторен комфор на сите седишта. Особено атрактивни се страничните прозорци без рамки, коишто како обележје на класичниот фастбек ја изразуваат висококвалитетната елеганција.
Премиум квалитет,од елегантно, па сè до спортски.
За сите оние коишто сакаат уште повеќе - варијантите на опреми Arteon Elegance и R-Line нудат комфор, спортски карактер и дизајн на високо ниво.
Воодушевувачки дизајн на светлата
Модерните задни светла со LED технологија на задниот дел го прават Arteon впечатлив и невообичаено динамичен. Нивното течно движење на светлината овозможува сензационалност и безбедност.
Sieht gut aus für Sie: das Arteon Räderprogramm.
Прави и Вие да изгледате добро: програмата на тркала на Arteon.
Arteon од 360°.
Комфор.
Впечатливи како и самиот Arteon се и неговите комфорни карактеристики. Тие секое возење го претвораат во неповторливо доживување, коешто ќе ги фасцинира сите Ваши сетила.
Комфор.
Адаптивно регулирање на подвозјето DCC
Вози баш по Ваш вкус.
Спортски, комфорно, нормално или според Вашиот личен стил: Вие одредувате како треба да вози Вашиот Arteon. Оптимираното адаптивно регулирање на подвозјето DCC постојано реагира на коловозот и на возната ситуација. Тоа е особено пријатно за Вас, бидејќи на тој начин ќе уживате во високиот степен на комфор при возењето, во комбинација со оптимална возна динамика.
Ентериер
Добре дојдовте на повисокото ниво.
Во Arteon, откријте извонредно убав избор на опции за опрема, висококвалитетни материјали и иновативни технологии што го зголемуваат комфорот.
ergoComfort седишта
Сместете се. Уште пред да тргнете.
Потпрете се и уживајте во висококвалитетно оформениот ентериер со ексклузивни материјали и комфор на највисоко ниво. Тоа го овозможуваат на пр. ergoComfort седиштата во кожа „Nappa“ коишто се особено пријатни за грбот. Благодарение на опционалното поставување на 14 начини со функција за масажа и мемориска функција, потпирачи за лумбалниот дел од рбетниот столб што може да се поставуваат, како и големиот простор за главата и нозете, се овозможува максимално релаксирање - и тоа далеку пред да пристигнете на целта.
Управување и информации
Повеќефункциски управувач и Active Info дисплеј
Со кожниот повеќефункциски управувач што се загрева, ќе управувате не само со Вашиот Arteon, туку и со сите за Вас релевантни информации за време на возењето. Освен тоа, на иновативниот Active Info дисплеј, сè ќе пронајдете директно во Вашето видно поле: од мерачот на број на вртежи, техометарот и километражникот, па сè до детални податоци за возењето или оптички приказ ан Вашите системи за помош на возачот.
Easy Open
Патувајте со полн багажник, а сепак лесно.
Со Arteon, релаксираното патување започнува уште пред да тргнете со возилото. Багажниот простор од 563 литри што за еден фастбек е навистина комфорно, нуди доволно простор и за Вашиот багаж. А благодарение на „Easy Open“, доволно е само еден мал замав со стапалото под задниот дел од возилото и електричната врата од багажниот простор ќе се отвори. Со одложеното електрично затворање, вратата од багажниот простор повторно се затвора со притиснување на копче, така што Вие сосема удобно ќе може да го ставате и вадите товарот.
Панорамски покрив
Влезете и претерајте со уживањето.
Со Arteon, Вашиот поглед нема граници. Исто и погледот низ панорамскиот издигнувачки/лизгачки покрив што опционално е обвиен со амбиенталното осветлување. Преку него секогаш ќе го гледате небото, а во внатрешниот простор ќе навлегува пријатна светлина.
Системи за помош.
Доверливи: Arteon одушевува и со премиум дизајнот и со забавното возење. Кога станува збор за системи за помош на возачот, тој е на прво место.
Одржува растојание до возилата пред Вас.
Еден од најкорисните системи за помош на возачот: автоматското регулирање на растојанието ACC со предикативно регулирање на брзината. Вие ја поставувате максималната брзина и системот внимава таа да не се пречекори. Освен тоа, автоматски се одржува минимално растојание до возилата пред Вас.⁶
Отвора нови перспективи.
За Вас ја гледа околината: по желба достапниот приказ на околината "Area View". Тој Ви дава поглед нанадвор околу Вашиот Arteon во живо во кокпитот.
Сериско шесто сетило.
Серискиот систем за помош при одржување на коловозната лента "Lane Assist" помага да се избегнат незгоди поради несакано напуштање на коловозот.
Паркирајте прецизно.
"Park Assist" Ве маневрира сосема релаксирано во Вашето сакано паркинг-место.
Осветлува на сите страни.
Опционалниот "Dynamic Light Assist" преку автоматско управување со долгото светло овозможува оптимална осветленост на патот и многу добра видливост во патниот сообраќај.
Вашиот помошник за секој случај.
Во медицински итни случаи, опционалниот "Emergency Assist" може да ги предупреди патниците и другите учесници во сообраќајот и Arteon контролирано да го доведе до состојба на мирување.
Помош во Stop and go сообраќај.
Може да го одмори возачот во Stop and go сообраќај и со тоа да помогне во избегнувањето незгоди во застој:
На пат, знаејќи што е пред Вас.
Системот за набљудување на околината "Front Assist" со City функција за итно сопирање и препознавање пешаци го надгледува сообраќајот и помага при евентуално итно сопирање.
Користете ги Вашите апликации дури и во Вашиот Volkswagen.
Ракувајте со најважните функции на Вашиот паметен телефон, сосема едноставно преку средишната конзола. На тој начин, имате удобен пристап до телефонот, вестите и музиката. Ние тоа го нарекуваме App-Connect.
Заштита за Вас. И за Вашето возило.
Кога е следниот контролен сервис? Уште колку гориво има во резервоарот? Онлајн услугите Car-Net „Security & Service“
Повеќе не возете без интернет.
Со опционалниот пакет Car-Net „Guide & Inform“, ќе бидете подобро информирани додека возите. Ако на пр. некаде настане застој или истиот повеќе го нема, тоа ќе го дознаете онлајн во реално време, па Вашата рута автоматски ќе се приспособи. Благодарение на онлајн барањето посебни цели, ќе најдете возбудливи цели во Вашата околина, паркинг-места во близина или пак, најблиската бензинска станица.
Музички систем DYNAUDIO Confidence
Нема да им верувате на Вашите уши. Уживајте во првокласниот звук со радиото "Composition Media", опционалниот премиум музички систем "DYNAUDIO Confidence" и исто така по желба достапниот DAB+.
Навигацијата може да биде толку комфорна.
По желба, може да бирате помеѓу два навигациски системи со коишто особено лесно се ракува: "Discover Media" и "Discover Pro".
Побезбедно телефонирате со двете раце на управувачот.
Доколку сакате, бидете достапни и за време на возењето. Со опционално достапните телефонски интерфејси "Comfort" и "Premium", двете раце ќе Ви бидат на управувачот и ќе имате контрола врз сообраќајот.
Секогаш во фокусот: чувство на безбедност.
Head-up дисплејот прикажува информации за возењето непосредно во Вашето видно поле. Брзина, сообраќајни знаци, активност на системите за помош, како и предупредувачки и навигациски напомени се проектираат директно на дисплејот пред предното стакло.