Автоматското регулирање на растојанието ACC со предикативно регулирање на брзината Ви помага да ги одржувате претходно од Ваша страна поставената максимална брзина и минималното растојание до возилото пред Вас. Предикативното регулирање на брзината ги проширува овие функции со помош за брзина и за кривини. Со тоа што се преземаат официјалните ограничувања за брзината, може да се избегнат пречекорувањата на брзината. Освен тоа, системот врз основа на предикативните податоци за делницата пресметува идеална брзина за поминување кривина. На тој начин се зголемува комфорот при возењето.
\1\ Im Rahmen der Grenzen des Systems.