Arteon: Car-Net
"Безбедност и
сервис"

 Во секојдневните ситуации, Car-Net услугите се исто толку корисни како и во итен случај: стандардните Car-Net "Услуги за безбедност и сервис" ви стојат на располагање со информативни податоци и претставуваат директна врска на клиентот со Volkswagen.

Кога е следниот сервис? Колку е полн резервоарот? Особено кога возилото се користи од страна на неколку луѓе, добро е да знаете дека таквите прашања може лесно да се одговорат онлајн. Благодарение на услугите "Безбедност и сервис" на Car-Net, многу важни податоци за возилото се достапни со користење на веб порталот.

Во исто време, сепак, технологијата може да се покаже како корисна при возењето: ако системот регистрира несреќа, автоматски се воспоставува контакт со Volkswagen центарот за клиенти. На овој начин, исто така е можно, во зависност од ситуацијата, да се обезбеди помош на лице место и да се обезбедат релевантни информации како што се податоци за возилото, број на луѓе во автомобилот или локацијата. Преку гласовна врска, возачот може да биде надгледуван и поддржан додека не пристигне спасувачката служба.

 

Повеќе информации за Car-Net

 

1) За користење на Car-Net "Безбедност и сервис" посебен договор со Volkswagen AG треба да се воспостави онлајн. За да може клиентот целосно да ги користи услугите, потребно е да го регистрира возилото на има на www.volkswagen.com/Car-Net  во рок од 90 дена по подигнувањето на истото. Достапноста на услугите на Car-Net може да варира во зависност од земјата. Овие услуги се достапни според  договорот и може да бидат предмет на промена за време на договорот. За да ја користите бесплатната апликација Car-Net, потребен е паметен телефон со iOS или Android оперативен систем и SIM-картичка со опција за податоци со постоечки или одделно склучен мобилен договор помеѓу вас и вашиот мобилен провајдер. Со испраќање или примање пакети на податоци преку Интернет, може да настанат дополнителни трошоци (како што се роаминг трошоци), во зависност од вашата тарифа за мобилен телефон, особено кога работите во странство. За повеќе информации за Car-Net Security & Service, ве молиме посетете ја страницата www.volkswagen.com/Car-Net и контактирајте го вашиот партнер во Volkswagen; Информации за мобилни тарифи со вашиот мобилен оператор.

 

 

 

Close