Помош во секојдневието исто како во итен случај: сериските Car-Net услуги "Security & Service"¹ Ви помагаат со информативни податоци и директно поврзување со центарот за клиенти на Volkswagen.
Кога е следниот контролен сервис? Уште колку гориво има во резервоарот? Кога возилото го користат повеќе лица, добро е да се знае дека одговорот на таквите прашања може по желба на едноставен начин да се добие и онлајн. Благодарение на Car-Net услугите "Security & Service"¹, многу релевантни податоци за возилото Ви стојат на располагање на веб-портал.
Оваа технологија може да се покаже исто толку корисна и за време на возењето: ако системот во рамки на неговите граници регистрира незгода, автоматски се воспоставува контакт со центарот за клиенти на Volkswagen. Освен тоа, на овој начин возможно е, зависно од ситуацијата, да се алармира за помош на лице место и да се проследат релевантни информации како на пр. податоци за возилото, бројот на лица во возилото и локацијата. Преку говорна врска, возачот може да биде згрижен и да му се помогне до пристигнувањето на спасувачките служби.
Im Rahmen der Grenzen des Systems.