Иновативниот Active Info дисплеј (серија Highline) благодарение на повеќето инфо-профили Ви нуди приспособени информации на TFT дисплеј во боја, со висока резолуција и со 31,2 cm (12,3 инчи). Различните инфо-профили овозможуваат намерен избор на податоци коишто ќе се прикажуваат покрај класичните содржини како што се мерачот на број на вртежи, тахометарот и километражникот. Ракувањето се врши брзо и едноставно преку серискиот повеќефункциски управувач на Вашиот Arteon. По потреба, повикувате на пр. детални податоци за возењето или повикувате оптички приказ на Вашите системи за помош на возачот.
Head-up дисплејот (опционално) дополнително прикажува важни информации за возењето непосредно во Вашето видно поле. Брзина, сообраќајни знаци, активност на системите за помош, како и предупредувачки и навигациски напомени се проектираат директно на стакло пред предното стакло. Со тоа, сè ќе можете веднаш да прочитате и сепак да го задржите фокусот на патот. Дисплејот на којшто се прикажуваат податоците, може по желба да се спушти на инструментната табла и да се затвори во иста линија.
Im Rahmen der Grenzen des Systems.