Arteon: Командна табла

 

Иновативниот активен инфо-дисплеј ви обезбедува точни информации на екран во боја со висока резолуција, 31,2 cm (12,3 инчи). Различните информативни профили ви овозможуваат да изберете конкретни податоци кои се прикажуваат заедно со класичната содржина како што е брзиномерот, вртежниот момент и километражата. Операцијата е брза и лесна со користење на стандардниот мултифункциски кожен волан на вашиот Arteon. Ако е потребно, можете да прикажете детални податоци за возењето, или да ја прикажете визуелизацијата на системите за помош на возачот.

Опционално достапниот "Head-up display", прикажува важни информации за возењето директно во вашето поле на гледање. Брзината, сообраќајните знаци, активноста на системот за помош, како и информациите за предупредување и навигација се проектираат директно на предното ветробранско стакло. Значи, можете веднаш да прочитате сè и да го задржите фокусот на патот. Екранот на кој се прикажуваат податоците може по желба, да се пренесе во таблата со инструменти.

Close