Звучи извонредно: Arteon е сериски опремен со радио "Composition Media". Во него спаѓаат осум звучника, како и прием на FM радио и читач за CD којшто репродуцира музика и во MP3, AAC и WMA формат. Дополнително, слот за SD картичка и USB-интерфејси нудат други можности за приклучување. Удобно поврзете го Вашиот мобилен телефон преку Bluetooth врска. Системот е опремен со корисни сензори за приближување: ако прст се приближи до контролно поле на дисплејот, полето се прикажува зголемено. На тој начин, ракувањето станува уште поедноставно и побезбедно.
Во Вашиот Arteon, по желба може да уживате во приемот на дигитално радио DAB+. Со тоа, дополнително примате и актуелни сообраќајни пораки, голем избор на станици, музика, временска состојба и многу повеќе. Може да се прикаже и графика, како на пр. планови на градови или анимации.
Опционалниот музички систем "DYNAUDIO Confidence" со Surround звук, којшто е прецизно приспособен на внатрешниот простор, дванаесетте звучника со централен звучник и сабвуфер, како и вкупната моќност од 700 вати овозможува фантастично доживување на звукот и оптимален звук со можност за индивидуализирање за сите патници.