Гледајќи од напред, погледот веднаш застанува на импозантно големата хауба. Неговата издолжена силуета со долго растојание помеѓу тркалата овозможува уникатен страничен изглед и нуди просторен комфор со широк простор за нозете на сите седишта, додека страничните прозорци без рамки оставаат впечаток на висококвалитетна елеганција како класично обележје на Coupé. Тркалата од лесен метал до 20 инчи на Arteon му даваат моќно-динамичен карактер. Со уникатниот дизајн на задниот дел доминира задната врата што се отвора од горе со сериски LED задни светла во моќно темноцрвено светло. На тој начин добиената форма го потенцира елегантниот изглед и дополнително ја зголемува практичноста. Силен карактер - од секој агол.
Im Rahmen der Grenzen des Systems.