Опционалниот "Emergency Assist" во медицински итен случај го презема управувањето со возилото. Тој се активира ако системот не регистрира активност на возачот, односно нема управување, забрзување и сопирање, а возачот и покрај предупредувањето не реагира. Тогаш системот со нагли кратки сопирања, предупредувачки звуци, предупредувачко трепкање и движење лево-десно во сопствената коловозна лента се обидува и повторно да го активира возачот и да ги предупреди сопатниците и другите учесници во сообраќајот. Доколку пак изостане преземање на управувањето од страна на возачот, возилото со помош на системот за помош при менување коловозна лента "Side Assist" се води кон десната коловозна лента и контролирано се запира. На тој начин, во рамки на границите на системот, може да се избегне незгода.
Серискиот систем за проактивна заштита на патници може во рамки на границите на системот да препознае опасни ситуации со зголемен потенцијал за незгода и автоматски да преземе мерки на претпазливост. На тој начин, прозорците и лизгачкиот покрив автоматски се затвораат скоро до крај, со цел да се оптимира ефектот на воздушните перничиња за глава и страничните воздушни перничиња. Во делови од секундата, предните сигурносни појаси се затегнуваат посилно и ги фиксираат возачот и совозачот. Штом опасноста пројде, појасите се разлабавуваат и страничните стакла и лизгачкиот покрив може повторно да се отворат.