Опционалниот систем за помош при застој користи проверени функции како што се автоматското регулирање на растојанието ACC и системот за помош при одржување на коловозна лента "Lane Assist" за да овозможи комфорно непречено возење низ застојот. Па така, Arteon при брзина од 0 до 60 km/h го следи возилото пред Вас и самостојно управува со педалот за гас и со сопирачките во рамки на границите на системот. Притоа, возилото се држи во коловозната лента. Системот за помош при застој Ви помага во иритантниот Stop and go сообраќај и на тој начин може да помогне избегнување на незгодите типични за застој.