Во новиот Arteon, истовремено патувате и динамично и економично. Дали сепак понекогаш посакувате Вашето возило да биде поспортски дизајнирано? Сакате да возите со уште поголема заштеда на гориво? Со опционалниот избор на возен профил, Вие одлучувате зависно од ситуацијата и од личните потреби. Изберете го саканиот профил со едноставно притиснување копче или пак на екранот на допир на Вашиот Infotainment систем. Потоа, погонот, управувачот, менувачот (кај менувач со двојна спојка DSG), па дури и фаровите автоматски ќе се приспособат. Секако, може да уживате и во сосема обичниот комфор - тоа го овозможува возниот профил "Normal".