Секогаш на Ваша страна - уживајте во предностите на сериските системи за помош, каков што е системот за помош при одржување на коловозната лента "Lane Assist". Тој помага да се избегнат незгоди поради несакано напуштање на коловозот. Во рамки на неговите граници, системот ги препознава ознаките на коловозот со помош на камера. Штом се регистрира можно напуштање на коловозната лента, "Lane Assist" може да го предупреди возачот и да сврти во спротивен правец со коригирачка управувачка интервенција. На тој начин возењето е побезбедно и покомфорно, дури и при долги патувања.