Под заоблената хауба на новиот Arteon, повеќе ефикасни варијанти на мотори и менувачи овозможуваат максимална динамика. Таков е на пр. силниот BiTurbo мотор со 176 kW (240 КС) достапен за Arteon Comfortline и Highline (потрошувачка на гориво, l/100 km комбинирано 5,9; емисии на CO2 комбинирано, g/km: 152) којшто спаѓа во најмоќните дизел агрегати што во моментот се нудат. Со овој мотор, сериски добивате погон на сите тркала 4MOTION како и електронска блокада на диференцијал XDS и адаптивно регулирање на подвозјето DCC.
Ова важи и за предводникот помеѓу Otto-моторите на Arteon, резервиран за варијантата на опрема Highline, којшто импресионира со 206 kW (280 КС) (потрошувачка на гориво, l/100 km комбинирано 7,3; емисии на CO2 комбинирано, g/km: 164).