Arteon: Online

Со поврзување на Интернет, можете да го користите опционалниот пакет "Guide & Inform" на Car-Net за во секое време ги имате најновите податоци. На пример, во реално време сте информирани за сообраќајниот метеж. Особено значајно е тоа што вашата рута автоматски се прилагодува на условите во сообраќајот. Можете да најдете бројни атрактивни ресторани или интересни дестинации, како што се хотели, бензински пумпи или новоотворено кино со пребарување на интернет специјалните дестинации.

Кога е следниот сервис? Колку е полн резервоарот? Особено кога возилото се користи од страна на неколку возачи, добро е да се знае дека на таквите прашања може да се одговори директно во самото возило. Благодарение на системот Car-Net "Security & Service" многу важни податоци за возилото се достапни на веб-порталот. "Security & Service" системот, доколку детектира сообраќајна несреќа, може автоматски да иницира повик кон овластениот Volkswagen сервис. На овој начин се алармира и се пренесуваат релевантни информации како што се податоци за возилото, бројот на луѓе во автомобил или локацијата. Преку гласовна врска, возачот може да биде надгледуван и поддржан додека не пристигне спасувачката служба.

Close