Golf GTE Новото Брзо.

КИНО ВО ГЛАВАТА.

Веројатно во секоја глава се одигрува сличен филм, кога се мисли на 150 kW (204 КС). Затоа што тоа е максималната моќност на новиот Golf GTE. Оваа впечатлива вредност се достигнува со неговата Plug-in хибридна технологија, мешавина од бензинец и батерија која се полни со кабел на приклучок за напојување заедно со е-мотор. И неговата глава, која по желба ги доведува заедно овие два пакети на сила со максимална моќност. Во новиот Golf GTE задоволството при возењето и исто така претходно програмирано. Исто како и сликите во главата.

ГАЛЕРИЈА СО СЛИКИ

ПОГЛЕД НА GOLF GTE ОД РАЗЛИЧНИ АГЛИ.

ПОГЛЕД НА GOLF GTE ОД РАЗЛИЧНИ АГЛИ.

ИНФОТЕЈНМЕНТ

РАДИО И НАВИГАЦИЈА

УБАВО Е КОГА САМИ СМЕЕМЕ ДА СИ ГО ИЗБЕРЕМЕ КОПИЛОТОТ.

Вие одредувате што се случува во Вашиот Volkswagen. За тоа го имате на располагање сериското радио "Composition Media": со соодветни звучници, едноставно до оперативна техника и многу можности за приклучоци. Или земете еден од двата опционални навигациски системи, кои мултимедијално ја исполнуваат скоро секоја желба. Уживајте, кога придружбата зависи целосно од Вас.

ТЕЛЕФОНИЈА

СО ДВЕТЕ РАЦЕ НА УПРАВУВАЧОТ ТЕЛЕФОНИРАЈТЕ ПОБЕЗБЕДНО.

И за време на возењето останете достапни, доколку сакате. Со опционалниот телефонски интерфејс "Comfort" и "Premium" задржете контрола со двете раце на управувачот и сообраќајот.

СИСТЕМИ ЗА ПОМОШ

СИСТЕМИ ЗА ПОМОШ

НАЈНОВАТА ТЕХНИКА МОЖЕ ДА ВИ ГИ НАМАЛИ СТРЕСОТ И ХЕКТИЧНОСТА.

На секој му треба малку помош. Дали Ви е потребна помош при паркирање или барате повеќе комфор при возењето, за Golf GTE е подготвен голем број на системи за помош.

МЕНАЏМЕНТ НА ПОЛНЕЊЕ

СО ЕДНО ПОЛНЕЊЕ НА БАТЕРИЈАТА ЌЕ СТИГНЕТЕ ПОДАЛЕКУ, ОТКОЛКУ ШТО МИСЛИТЕ.

Зошто да точите бензин, кога струјата е поповолна? Plug-in хибридот Ви нуди можност да ја наполните батеријата на електромоторот со надворешен извор на струја. Зачуваната енергија од литиум-јонската батерија овозможува досег и до 50 километри.

ЕФИКАСНОСТ

КОКПИТ

ОВОЈ КОКПИТ ВИ ОЛЕСНУВА ДА ВОЗИТЕ ЕФИКАСНО.

Доколку при забрзување показателот се помести нагоре, Вие возите во Boost-режим. Толку е јасно. За сите други видови на погон е сосема доволен еден поглед на инструментите. Така ќе видите и кој мотор овозможува погон и колку ефикасно патувате.

МОТОРИ

ДВАТА МОТОРИ ГРАДАТ ПАКЕТ НА СИЛА.

Низ град возете електрично, на неасфалтирана улица користете ги двата мотори, и на патувања TSI-моторот го зголемува досегот. Хибридниот погон комбинира турбо бензински мотор со електромотор кој лесно се врти. Заедно ја обединуваат динамиката и штедливоста.

ТЕХНИКА НА ПОГОН

ИЗБЕРЕТЕ МОТОР КАКО ШТО САКАТЕ.

Управувањето на двата мотори го презема менаџментот со погон, кој се грижи за перфектна координација на системите. Исто така можете со притискање на копче да префрлите во чисто електричен погон или со GTE прекинувачот да ја повикате насобраната моторна сила.

МЕНУВАЧ СО ДВОЈНА СПОЈКА DSG

ПРОМЕНАТА НА СТЕПЕНИ ЕДВАЈ ЌЕ ЈА ЗАБЕЛЕЖИТЕ.

Срдечен поздрав од менувачот: испрекинатото поаѓање и нерамното менување степени кај Golf GTE повеќе не се можни, затоа што менувањето на степени го извршува менувач со двојна спојка DSG со 6 степени без прекин на влечната сила во делови од секундата. Специјално е креиран за Golf GTE.

КОМФОР

УПРАВУВАЧ

ОВОЈ УПРАУВАЧ МОЖЕ МНОГУ ПОВЕЌЕ ОД УПРАВУВАЊЕ.

Управување, менување степени и владеење: со повеќефункцискиот управувач улицата ја имате цврсто на дофат - исто така благодарение на големиот број на можности за управување. Вашите раце можат да останат на управувачот доколку сакате да менувате степени, да управувате со радиото или мобилниот телефон или да ги поставувате опционалните системи за помош.

СПОРТСКИ СЕДИШТА

ВРВНАТА УСЛУГА БАРА ВРВНИ СЕДИШТА.

За при спортски начин на возење да останете на место, напред сериски се вградени врвни спортски седишта. Со доброто држење од страна, големиот комфор и GTE дизајнот кој е единствен од својот вид, тие перфектно се вклопуваат во концептот.

КОЖЕН ЕНТЕРИЕР

ОВДЕ МОЖЕТЕ ДА УЖИВАТЕ КАКО ВО ПРВА КЛАСА.

Посебна комбинација за посебен автомобил: црна кожа и сини украсни шевови. Кожниот ентериер на Вашиот Golf GTE по желба му дава пријатен комфор и лежерна спортска нота на многу високо ниво.

АМБИЕНТАЛНО ОСВЕТЛУВАЊЕ

ВАКА ЧУВСТВУВАЈТЕ СЕ  ДОБРО.

Нека има светло, но индивидуално: дополнителните елементи за осветлување со интензитет кој се регулира на внатрешниот простор му даваат сино светло. И Вие ќе можете да се ориентирате уште покомфорно.

ДОПОЛНИТЕЛНИ ЧЕКОРИ