VW GOLF GTE: ПОГОНСКА ТЕХНИКА 

Golf GTE може двата свои мотори различно да ги користи, секогаш оптимално прилагодени на конкретната ситуација. Покрај интуитивниот хибриден оперативен режим, и чисто електричниот e-режим е идеален за урбаните центри: тој овозможува возење низ град без емисија или пак во населени места без звуци што пречат - до 50 km далечина. Енормниот максимален системски вртежен момент на e-машината од 350 Nm, уште од состојбата на мирување ги воведува агилните перформанси на погонот.

Само со притискање на копче Golf GTE воодушевува уште повеќе: за да ја повикате неговата максимална моќност, треба само да го притиснете GTE-копчето. На тој начин се поврзува силата на двата погона, што пак придонесува за особено голема влечна сила.

При сопирањето, Golf GTE во сите оперативни режими преку рекуперација повторно добива енергија, којашто се складира во високонапонската батерија и подоцна се користи за возење. Оперативниот режим и протокот на енергија се прикажуваат во Infotainment системот.

Close