VW GOLF GTE: СИСТЕМИ ЗА ПОМОШ

 

Системите за помош се тука за да му понудат на возачот повеќе комфор и да му помогнат во критични ситуации. Вашиот Golf GTE може по желба да го опремите со цела палета од овие системи за помош.

Системот за набљудување на околината Front Assist со City-функцијата за вонредно сопирање, во рамките на системските граници ги препознава на пр. критичните ситуации на растојание и го предупредува возачот. Во итен случај може да Ви помогне при сопирањето, така што ќе го скрати патот на запирање. Целосна помош во секојдневието нуди и системот за помош во управување при паркирање "Park Assist", којшто Golf GTE автоматски го управува при надолжно и попречно паркирање; и тука секако, колку што дозволуваат границите на системот. Доколку при паркирањето повеќе сакате сами да управувате, системот за помош при возење наназад Rear View преку камера монтирана во задниот дел од возилото, го прикажува полето на видливост на дисплејот на Infotainment системот.

Практичен при долгите возења е уредот за регулирање на брзината, којшто зависно од надолнината и нагорнината го одржува саканото темпо на автопатот. Системот за помош при одржување на коловозната лента "Lane Assist" може во рамките на системските граници да Ве предупреди, ако Вашето возило е во опасност ненамерно да ја напушти коловозната лента. Исто така, и тука може да интервенира техниката, пред да стане критично: се врши коригирачко движење на управувачот.

Close