VW GOLF GTE: УПРАВУВАЊЕ СО ПОЛНЕЊЕТО 

Заштедете си возење до бензинската станица. Батеријата на електромоторот ќе ја наполните сосема едноставно од дома преку приклучок за напојување. По најдоцна 3 часа и 45 минути, литиумско-јонската батерија со изладени течности ќе биде целосно наполнета. Користете јавна станица за полнење или со опционалната Wallbox можно е дури полнење во рок од 2 часа и 15 минути. Сега - во зависност од начинот на возење и од потребата од струја за светло, греење, клима-уред, радио итн. - ќе извозите на чисто електричен погон и до 50 километри; за сите секојдневни возења, на пр. за пазарување или до работното место тоа е сосема доволно. Доколку струјата ја добивате од 100 % регенеративни ресурси, оваа патека ќе ја извозите особено штедливо и пред сè без емисија на штетни гасови - ден за ден.

Close