VW GOLF GTE: МОТОРИ 

Golf GTE го обединува најдоброто од два различни света: неговиот речиси бесшумен Е-мотор надополнет од иновативен 1,4 литарски TSI директен вбризгувач на бензин со јачина од 110 kW (150 КС), којшто со сериската BlueMotion технологија при мала потрошувачка се залага за впечатлива динамика. Двата мотора заедно постигнуваат системска јачина од 150 kW (204 КС) и импозантен системски вртежен момент до 350 Nm.

За само 7,6 секунди, Golf GTE забрзува од 0 на 100 km/h - сè до максимална брзина од 222 km/h (за кратко време). Дека ова спортско задоволство при возењето не е на сметка на животната средина, докажува Golf GTE со комбинирана стандардна потрошувачка од само 1,5 - 1,7 литри и 11,4 - 12,4 kW на 100 километри, како и комбинирана емисија на CO 2 - од 35 - 39 g/km. Во електричниот режим локално возите речиси и без никаква емисија, и тоа при досег до 50 километри. Golf GTE дозволува вкупен досег до 939 километри.

 

Close