Затвори мени

Разноврсен како ниту еден друг автомобил. Golf.

 

Многустран како ниеден друг автомобил. Golf.

Golf е возило, кое веќе со генерации ја карактеризира сопствената класа. Исто така и најмладата генерација на Golf повторно поставува основа за идната генерација.

Опрема & дизајн.

Висококвалитетната опрема и јасниот дизајн се ознака на секој Volkswagen.

Многубројните можности за индивидуализација дополнително Ви нудат шанса да создадете Ваш целосно личен Golf. Ќе се зачудите колку голем избор имате.

Надворешност Динамиката се соединува со елеганција.

Веќе на прв поглед Golf - како и во секоја генерација со маркантен и самоуверен изглед. Од ново оформените фарови и браници, преку динамичната решетка за ладење, до задниот дифузер и впечатливите LED задни светла.

Внатрешност Искусете повеќе простор за Вашиот комфор.

Просторноста се соединува со комфор, се соединува со квалитет, се соединува со нови технологии. Сето тоа Golf Ви го нуди во внатрешноста. Со една единствена цел: Секое возење да Ви го направи колку што е можно порелаксирано.

Светла Ви станува јасно на прв поглед?

Дизајнот на светло во Golf изненадува, и тоа во повеќе атрактивни варијанти. Без разлика за која понуда ќе се одлучите: Светлата придонесуваат за подобра видливост.

Тркала Изгледа добро за Вас: програмата на тркала на Golf.

Со која комбинација од гуми и фелни најдобро изгледа Вашиот Golf, зависи само од сопственото мислење. Фелните од лесен метал во секој случај ја нагласуваат спортската природа на Golf.

Варијанти на опрема

Врвните карактеристики на Golf од различни перспективи.

Опционалните R-Line опреми.

Истакнете го самоуверениот изглед на Вашиот Golf. Со R-Line опремите на надворешноста ќе ѝ подарите уште поголема динамика, а на внатрешноста спортска нота.

R-Line

На Вашата спортска амбиција подарете ѝ уште поголем израз. Со опционалниот R-Line пакет.

Целосно импресивен дизајн: R-Line пакетот со многубројните детали на опремата дава спортски акценти на надворешноста, а со висококвалитетните материјали на внатрешноста. 

R-Line Екстериер

Во Вашиот Golf се крие атлет: опционалниот пакет R-Line Екстериер.

Пакетот R-Line Екстериер со впечатлив преден браник, спортски дифузер, црни сјајни отвори за воздух и проширување на праговите на Golf му дава маркантен, спортски изглед.

R-Line спортски пакет

Совршено приспособен кон Вашиот спортски начин на возење: опционалниот R-Line спортски пакет.

Со R-Line спортскиот пакет го проширувате Вашиот Golf со врвни карактеристики, кои Вашето чувство за време на возењето го прават уште подинамично.

Infotainment.

Без разлика дали за време возењето морате да телефонирате, потребни Ви се актуелни информации за сообраќајот, сакате да ја достигнете Вашата цел преку навигација или едноставно сакате да ја слушате Вашата музика - Вашиот Golf нуди разни можности удобно и едноставно да користите модерна техника.

Карактеристики на Infotainment

Радија

Назад кон прегледот

Доколку сакате, можете да слушате и радио.

Сакате музика за време на возењето, но сакате да бидете врвно информирани и да не се откажете од првокласен комфор? Тогаш ќе се воодушевите од изборот на двете радија.

Навигација

Назад кон прегледот

Пристигнете до целта со добра забава.

Двата опционални навигациски системи Ви нудат мноштво на иновативни функции и ги исполнуваат скоро сите желби. Имајте забава од прва класа и останете фокусирани.

Car-Net "Guide & Inform"

Назад кон прегледот

Бидете во тек со настаните додека патувате.

Со Car-Net "Guide & Inform" ќе најдете возбудлива цел во Вашата околина, блиски места за паркирање или ќе ја најдете следната бензинска станица.

Car-Net "App Connect"

Назад кон прегледот

Целосна конективност.

App-Connect - тоа се три иновативни технологии, со кои апликациите за паметен телефон ќе ги донесете на екранот на допир на Вашиот Infotainment систем: MirrorLink™, Android Audio™ од Google и Apple CarPlay™.

Телефонија

Назад кон прегледот

Ви ја олеснува комуникацијата.

Изразете се. Но притоа Ве молиме оставете ги двете раце на управувачот. За тоа Golf по желба Ви нуди два комфорни телефонски интерфејси.

Системи за помош.

Интелигентните системи за помош на возачот во Вашиот Golf придонесуваат за поголем комфор за време на возењето и притоа помагаат многу добро да се оценат критични ситуации или дури и целосно да се избегнат. Дури и кога оваа техника ретко се забележува, сепак добро е да се знае дека постои.

Системи за помош

Front Assist и ACC

Назад кон прегледот

Останете целосно релаксирани при полни улици.

Со опционалниот систем за автоматско регулирање на растојанието ACC ќе патувате релаксирано. Системот за помош при набљудување на околината "Front Assist", кој е опремен со City функција за вонредно сопирање и препознавање на пешаци, сериски се добива од Comfortline.

Систем за помош при застој и Emergency Assist

Назад кон прегледот

За да се продолжи онаму каде повеќе не е возможно.

Опционалниот систем за помош при застој Ви помага при измачувачки Stop-and-go сообраќај и така може да помогне да се избегнат типични незгоди при застој. Опционалниот "Emergency Assist" може да препознае кога возачот повеќе не е во состојба да вози и да преземе деловно управување на возилото.

Park Assist

Назад кон прегледот

Паркирањето може да биде толку лесно.

Сè уште паркирате сами? Опционалниот систем за помош при паркирање "Park Assist" може да Ве поштеди од вртење на управувачот и да Ви го олесни пребарувањето на место за паркирање. Со ултразвучните сензори се препознава дали Вашиот Golf може да се смести во празното место.

Blind Spot сензор

Назад кон прегледот

Вака Вашиот Golf Ви помага при менување на коловозна лента и излегување од место за паркирање.

Опционалниот "Blind Spot“ сензор со систем за помош при излегување од место за паркирање Ве предупредува за време на возењето во рамките на системските граници за возила во мртов агол. При излегување од место за паркирање наназад, тој ги набљудува областите странично и зад Вашиот автомобил.

Технологија.

Модерната техника на моторот во Вашиот Golf се истакнува со штедливост, влечна сила и моќност. Токму она што е потребно кога патувате со задоволство и многу, но сепак сакате да ја ограничите Вашата потрошувачка.

Мотори

Остварете профит од голема влечна сила при ниска потрошувачка.

TSI бензинските мотори и TDI дизел моторите се одредени за висок развој на моќност при ниска потрошувачка и ќе Ве воодушеват.

Дознајте повеќе

Активен систем на цилиндри

Едноставно исклучете ги и заштедете гориво.

При мала потреба од моќност одвај ќе забележите дека моторот сè уште работи само со два цилиндри. Тоа го овозможува исклучувањето на цилиндрите. Со тоа можете значајно да ја намалите потрошувачката на бензин.  

Дознајте повеќе

4MOTION

Не губете ја прилепеноста за подлогата.

Сакате да се движите и на влажна и нерамна подлога со добра тракција? Благодарение на погонот на сите тркала 4MOTION којшто се добива по желба тоа е можно скоро насекаде.

Дознајте повеќе

Комфор. Направете да Ви биде удобно во Вашиот Golf.

Неговата обемна основна опрема, едноставното ракување и многуте комфорни додатоци придонесуваат за тоа, со него секој ден да можете релаксирано да уживате.

Кога Вашиот грб Ви лежи на срце.

ergoActive седиште

Поставувањето на 14 начини на опционалното ergoActive спортско седиште Ви овозможува голем комфор при седење. Седиштето на возачот можете удобно да го приспособите на Вашето тело и на тој начин да го одморите грбот. Иновативното седиште има интегрирана функција за масажа и може да се загрева. 

Дознајте повќе

За не само Вие, туку и звуците правилно да се вклопат.

DYNAUDIO Excite

Музика во автомобилот, која звучи подобро од Вашиот HiFi уред? Музичкиот систем DYNAUDIO Excite кој можете да го добиете по желба е усогласен на акустиката во просторот на возилото и Ви доставува звук каков што не очекувате - дури и кога сте навикнати на висококвалитетен звук.

Дознајте повеќе

Стремете се кон безвременска елеганција.

Кожни опреми.

При секое возење уживајте во неспоредливо чувство на ексклузивен амбиент. Затоа што по желба за Вашиот Golf можете да добиете најфини опреми од кожа и ArtVelours, меѓу другото со греење на седишта и повеќефункциски управувач кој е лесен за држење.   

Дознајте повеќе

Гледајте ги токму оние информации, кои сакате да ги видите.

Active Info Display

Тахометарот е минато. По желба заменете го класичниот приказ на столбови со дисплеј со висока резолуција. Иновативната инструментна табла Active Info Display може да Ви даде информации, кои се протегаат надвор од брзината и приказот за гориво

Дознајте повеќе

Информативен материјал за Golf

Hoppla!
Ihr Browser scheint nicht aktuell zu sein. Eventuell funktioniert unsere Webseite nicht optimal. Die meisten Browser (nicht jedoch MS Internet Explorer 11 & älter) funktionieren dennoch problemlos.

Wir empfehlen Ihnen ein Update Ihres Webbrowsers!
Die jeweils neueste Version kann überall im Internet ein gutes Erlebnis sicherstellen.

Danke für Ihren Besuch und viel Spaß,
Вашиот Volkswagen Team