Смирувачки е кога во градскиот сообраќај има доволно растојание до возилото пред Вас. За тоа Ви помага автоматското регулирање на растојанието ACC (сериски од Comfortline).
ACC ги мери оддалеченоста и брзината на возилата пред Вас. Во колони и застој системот го сопира Вашиот Golf до мирување заедно со опционалниот менувач со двојна спојка DSG и за кратко време повторно автоматски поаѓа. Системот во рамките на неговите граници при брзина до 210 km/h може да го задржи Вашето возило на растојанието до возилото пред Вас кое сте го одредиле Вие.
Некогаш се случува нешто непредвидено, така што потребно е вонредно сопирање. Во такви случаи од помош може да биде опционалниот систем за набљудување на околината Front Assist. Ќе бидете предупредени доколку во рамките на системските граници се препознае критична ситуација на поаѓање. Во особено критични ситуации системот може да помогне при сопирање или дури и автоматски да сопира за да ја намали брзината на судир однапред.
City функцијата за вонредно сопирање може да интервенира во градски сообраќај при ниски брзини. А препознавањето на пешаци во рамките на границите на системот може да препознае, доколку на пример пешак ненадејно се најде на коловозот. Системот за помош Ве предупредува, Ви помага при сопирање или самостојно сопира - секогаш во рамките на системските граници. На тој начин во идеален случај може целосно да се избегне судир или во најмала рака да се намали неговата тежина.