Со опционалниот Active Info Display уживајте во предностите на инструментна табла со TFT дисплеј во боја со висока резолуција и големина од 31 cm (12,3 инчиl).
Со различните профили за информирање можете целно да одредите тежишта кај податоците кои ќе се прикажуваат на инструментната табла дополнително на класичните содржини како мерачот на број на вртежи, тахометарот и бројачот на изминати километри.
Овие профили за информирање изберете ги брзо и едноставно преку опционалниот повеќефункциски управувач: Можете на пример да повикате детални податоци за возењето или да вклучите оптички приказ на Вашите системи за помош на возачот целосно според Вашите потреби. Притоа површината за прикази може уште подобро да се искористи, со тоа што ќе прикажувате дополнителни податоци исто и во столбовите.
Кај Infotainment системот "Discover Media" можете да се одлучите дали сакате навигациската мапа да ја гледате на Active Info Display или класично на дисплејот на уредот. Со "Discover Pro" истовремено на располагање Ви стојат двете можности за приказ.