Доколку за време на возењето е потребна помала моќност на моторот, активното управување со цилиндрите ACT иницира исклучување на два од четирите цилиндри. Со тоа се намалува потрошувачката на горивото, но сепак не се нарушува хомогената работа на моторот. Бидејќи ова се случува скоро незабележливо, режимот со 2 цилиндри можете да го прочитате на повеќефункцискиот приказ.