Доколку Ви се приближува автомобил одзади а не можете да го видите на Вашиот страничен ретровизор и на ретровизорот за возење наназад, тогаш тој се наоѓа во опасен мртов агол. Пред промена на коловозната лента Ви помага конвенционалното погледнување наназад, а сега и опционалниот Blind Spot сензор. Тој може да предупреди веќе при брзина од 15 km/h, со тоа што на надворешниот ретровизор на Вашиот Golf светнува LED приказ. Покрај тоа доколку го вклучите трепкачот, светлото започнува да трепка посветло и побрзо и предупредува за возилото во мртвиот агол.
Во комбинација со системот за помош при одржување на коловозна лента "Lane Assist", Blind Spot сензорот во рамките на неговите системски граници може да предупреди за промена на коловозна лента дури и со коригирачка интервенција во управувањето.
Системот за помош при излегување од место за паркирање во рамките на границите на системот Ви помага при излегување од место за паркирање наназад. Со помош на сензорите во задниот браник се набљудува попречниот сообраќај зад возилото. Доколку од страната се приближува друг автомобил, велосипедист или пешак, ќе Ве предупредат сигнален тон и приказ на дисплејот на Infotainment системот. Доколку не реагирате навремено, системот може да ги намали можните последици од незгода при претстоен судир со интервенција во сопирањето или во оптимален случај да ги спречи.