Сериските халогенски фарови со LED светло за дневно возење Ви нудат добра видливост дури и при тешки светлосни услови. Благодарение и на сериското регулирање на светлосниот опсег, светлосниот опсег се балансира при разни состојби на натовареност.
Дизајнот на новиот Golf особено доаѓа до израз со опционалните LED фарови. Тие штедат енергија и ги одмораат Вашите очи со помош на нивниот светлосен спектар кој е сличен на дневната светлина. Тие дури и при неповолни услови Ви помагаат да имате добар поглед врз улицата и другите учесници во сообраќајот.
Интегрираното светло за возење по кривини кое може опционално да се добие придонесува навремено да препознаете препреки кога возите во кривини. Покрај тоа, за добра видливост потребен е исто така и уредот за чистење на фаровите кој може да се добие по желба (со предупредувачки сијалички за нивото на вода за миење). Кон врвните карактеристики на дизајнот на светло се вбројуваат и опционалните задни светла во 3D LED техника со динамичен трепкач: анимирана светлосна лента, која ја прикажува насоката на вртење.