Доколку сакате да уживате во Вашата музика со сите фини нијанси, со прецизни ниски тонови и кристално јасни високи тонови, тогаш треба да го слушнете музичкиот систем DYNAUDIO Excite на данскиот Hi-Fi специјалист Dynaudio. Осум звучници кои се приспособени на внатрешниот простор и сабвуфер, како и дигитален засилувач со 10 канали од 400 вати за време на секое возење Ви ја репродуцираат соодветната музика.
Благодарение на дигиталното процесирање на сигнали (DSP), кое емитувањето на поединечните звучници го зема во предвид зависно од нивната позиција, ќе го искусите звукот исто како да седите на совршената позиција за слушање. Без разлика дали сакате да слушате гласно или тивко и дали претпочитате рок, електронска или класична музика: После возењето ќе излезете порелаксирани.