Golf се приспособува кон Вашиот стил на возење.

Избор на возен профил

Во Golf истовремено патувате динамично и економично. Посакувате ли понекогаш Вашето возило да изгледа уште поспортски? Би сакале покрај тоа да возите со уште поголема заштеда на гориво? Со опционалниот избор на возен профил одлучувате зависно од ситуацијата и личните потреби. Саканиот профил изберете го едноставно со притискање на копче на екранот на допир на Вашиот Infotainment систем. Според тоа автоматски се приспособуваат погонот, управувачот и точките на менување степени кај менувачот со двојна спојка DSG.

Возниот профил ECO на пример му помага на возачот да вози еколошки и да штеди гориво. За тоа меѓу другото тој го приспособува перформансот на моторот и го активира Start-Stop системот, доколку е исклучен. Покрај тоа се активира регулирање на клима-уредот оптимално за потрошувачката и термално управување. Доколку се одлучите за менувач со двојна спојка DSG, тој избира навремени точки на менување степени и колку што е можно почесто иницира функција на едрење која штеди енергија.

Се разбира можете да уживате и во сосем вообичаен комфор - тоа го овозможува возниот профил NORMAL. Доколку од друга страна сакате да возите особено спортски или да ги совладате предизвиците на улици со многу кривини, профилот SPORT е вистинското нешто за Вас. Особено флексибилен е режимот INDIVIDUAL: Во него можете да ги комбинирате поединечните усогласувања според Вашите замисли и дури и да ги зачувате Вашите претпочитани поставувања во врска со греењето, клима-уредот и фаровите.

Затвори
Затвори мени

Разноврсен како ниту еден друг автомобил. Golf.

 

Hoppla!
Ihr Browser scheint nicht aktuell zu sein. Eventuell funktioniert unsere Webseite nicht optimal. Die meisten Browser (nicht jedoch MS Internet Explorer 11 & älter) funktionieren dennoch problemlos.

Wir empfehlen Ihnen ein Update Ihres Webbrowsers!
Die jeweils neueste Version kann überall im Internet ein gutes Erlebnis sicherstellen.

Danke für Ihren Besuch und viel Spaß,
Вашиот Volkswagen Team