Golf освојува и од формални аспекти до најмалите детали: Предниот дел се одликува со нагласена атлетска решетка за ладење со амблем Volkswagen, зад која се крие предниот сензор за разни опционални системи за помош. Во варијантите на опрема Comfortline и Highline решетката за ладење е украсена со фини хромирани лајсни. Притоа тој изгледа рамно и има динамичен изглед поради тенките фарови кои се издолжуваат до висина на калниците и поради браниците кои се израмнети во долниот дел. Неговата занесна силуета со карактеристичниот C столб во комбинација со неговото големо меѓуоскино растојание и кратките надвиснати делови зрачи со елан, кој е достоен за еден Golf. Во задниот дел освојуваат моќните елегантни контури, задниот дифузер и фаровите во LED техника кои изгледаат самоуверено.