Кон врвните карактеристики на сериското радио "Composition Colour" се вбројува и дисплеј во боја кој е чувствителен на допир со дијагонала на екранот од 16,5 cm (6,5 инчи). Слушајте FM радиостаници или музика во MP3 или WMA формат од четири звучници. Како извор за овие музички датотеки може да послужи SD-картичка.
Кон радиото "Composition Media" кое може да се нарача за сите варијанти на опрема припаѓаат осум звучници. Тоа располага со читач за CD и ги има можностите за приклучоци на претходните радија, како интерфејс за USB и Bluetooth поврзување за мобилни телефони. Покрај тоа, тоа е особено комфорно за ракување, затоа што дисплејот на допир во боја има значителна големина од 20,3 cm (8 инчи).
Двата уреди се опремени со Diversity антена, која придонесува за добар прием дури и во тешки услови.