VW Golf: Систем за помош при застој и Emergency Assist

Опционалниот систем за помош при застој користи само проверени функции како автоматското регулирање на растојанието ACC и системот за помош при одржување на коловозна лента "Lane Assist" за да се овозможи комфорно последователно возење при застој. На тој начин Вашиот Golf го следи возилото пред него и самостојно управува со гаста и сопирачката во рамките на границите на системот. Притоа возилото се задржува во коловозната лента.

 

Опционалниот систем Emergency Assist автоматски интервенира, доколку не може да се утврди активност на возачот и доколку и покрај предупредувањето нема реакција. Тогаш системот преку тресење на сопирачката, предупредувачки звуци, предупредувачко трепкање и нишање во сопствената лента се обидува повторно да го активира возачот, како и да ги предупреди совозачот и другите учесници во сообраќајот. Доколку сè уште не се изврши преземање на управувањето на возилото, тоа контролирано се доведува до состојба на мирување. На тој начин може да се спречи незгода во рамките на системските граници. 

Затвори
Затвори мени

Разноврсен како ниту еден друг автомобил. Golf.

 

Hoppla!
Ihr Browser scheint nicht aktuell zu sein. Eventuell funktioniert unsere Webseite nicht optimal. Die meisten Browser (nicht jedoch MS Internet Explorer 11 & älter) funktionieren dennoch problemlos.

Wir empfehlen Ihnen ein Update Ihres Webbrowsers!
Die jeweils neueste Version kann überall im Internet ein gutes Erlebnis sicherstellen.

Danke für Ihren Besuch und viel Spaß,
Вашиот Volkswagen Team