Повеќе не пропуштајте разговори и покрај тоа останете фокусирани на сообраќајот. За удобно телефонирање за време на возењето се грижат два опционални телефонски интерфејси. Ти нудат особено висок квалитет на говор: благодарение на дигиталниот процесор на говор, висококвалитетниот микрофон во внатрешниот дел од покривот и сопствените звучници на возилото. Со поврзувањето на надворешната антена, приемот е оптимален и при критична мрежна покриеност.
Во изведбата "Comfort" мобилниот телефон се поврзува со надворешната антена преку индуктивно, т.е. безжично поврзување на антена во преградата. Со тоа повеќе не е потребно купување на соодветни футроли за мобилен телефон. Покрај тоа, во варијантата "Premium" телефонските разговори кои се започнати надвор од возилото може да се пренесат преку Bluetooth на уредот за разговор со слободни раце, додека телефонот останува во чантата. Ракувањето се врши преку говорно управување, со помош на повеќефункцискиот управувач или преку Infotainment системот. Сосема едноставно - и како што посакувате.