Тркала.
Имате избор: Без разлика кои опционални тркала од лесен метал ќе ги изберете, тие ќе го нагласат спортскиот дух на Вашиот Golf. Притоа можете да изберете разни димензии меѓу 15 и 18 инчи и да се одлучите за мноштво различни динамични дизајни. Исто така имате богат избор за површината и боите на фелните. Без разлика дали Ве воодушевуваат мат, елоксирани или исполирани тркала од лесен метал, во секој случај на Вашиот Golf ќе му подарите динамична нота, која уште помоќно го истакнува неговиот маркантен дизајн.