Внатрешноста на Golf Ве поканува директно да заземете место и да не излегувате колку што е можно подолго. Тоа се должи меѓу другото на великодушните пропорции, кои нудат пријатна слобода за нозете за патниците напред, како и за патниците во задниот дел. Освен тоа внатрешноста се истакнува со висококвалитетно обработени материјали и серија на интелигентни детални решенија, кои освојуваат оптички, како и хаптички. На пример со ергономските седишта, големиот простор за товарање и средишната конзола која е благо накосена кон возачот, кои поради нивната специјална ергономија се оптимално лесни за ракување, како и прекинувачите кои се осветлени во бела боја.