VW Golf: ACC & Front Assist 

Во сообраќајот можете да бидете поопуштени, доколку одржувате доволно растојание од возилото пред Вас. По желба достапниот систем за регулирање на растојанието ACC Ви помага во тоа.

ACC ја мери оддалеченоста и брзината на возилата што возат пред Вас. Во колони или при застој, системот го запира Вашиот Golf заедно со опционалниот менувач со двојна спојка DSG сè до состојба на мирување и во зависност од ситуацијата по кратко време повторно автоматски тргнува. Системот може во рамките на своите граници, да одржува растојание на Вашето возило од возилата пред него при брзина до 210 km/h.

Понекогаш се случува нешто непредвидливо, така што е неопходно вонредно сопирање. Во такви случаи може да Ви помогне и системот за набљудување на околината и помош за спречување фронтален судар Front Assist. Доколку се препознае критична возна ситуација во рамките на системските граници, ќе бидете предупредени. Во особено критични ситуации системот може да Ви помага при сопирањето, дури и автоматски да сопира за да се намали брзината на судир.

City-функцијата за вонредно сопирање во градскиот сообраќај може да интервенира при пониска брзина. А системот за детектирање на пешаци во рамките на границите на системот може да воочи, доколку на пример пешак стапне на коловозот. Системот за помош Ве предупредува, Ви помага при сопирање или самостојно сопира - секогаш во рамките на системските граници. На тој начин во идеален случај може целосно да се избегне судир или во најмала рака да се намалат неговите последици.

 

 

Close