VW Golf: Active Info дисплеј

Со опционалниот Active Info дисплеј уживајте во предностите на инструментната табла со TFT екран во боја со големина од 31 cm (12,3 инчи) со висока резолуција.

Со различните Info профили можете да поставите целни тежишни точки кај податоците кои се прикажуваат на инструментната табла дополнително на класичните содржини како бројач на вртежи, тахометар и бројач на километри. Овие Info профили избирајте ги брзо и едноставно преку повеќефункцискиот управувач: на Ваше барање можете на пример да повикувате детални возни податоци или оптички приказ на Вашите системи за помош на возачот. Притоа површината за приказите можете уште подобро да ја искористите, со тоа што во рамките на тубите Ви се прикажуваат дополнителни податоци.

Кај Infotainment системот Discover Media можете да се одлучите, дали навигациската мапа сакате да ја гледате на Active Info дисплејот или класично на дисплејот на уредот. Со Discover Pro на располагање Ви стојат двете можности за приказ.

 

 

Close