VW Golf: Сензор за слепа точка со систем за помош при излегување од паркинг место

Доколку Ви се приближува автомобил одзади и не можете да го видите на страничните ретровизори или ретровизорот за гледање наназад, тогаш тој се наоѓа во опасната слепа точка. Пред промена на лента може да Ви помогне стариот метод на вртење наназад а сега и опционалниот Сензор за слепа точка. Може да предупредува веќе при брзина од 15 km/, со тоа што на надворешниот ретровизор на Вашиот Golf светнува LED индикатор. Сепак ако ги вклучите трепкачите, сијаличката започнува да трепка посветло и побрзо и го предупредува возилото во мртвиот агол.

Во комбинација со системот за помош при промена на лента "Lane Assist", Сензорот за слепа точка во рамките на неговите системски граници дури и со корективна интервенција во управувањето може да предупреди за промена на лента и да го врати возилото назад во лентата на возење.

Системот за помош при излегување од место за паркирање во рамките на системските граници Ви помага при излегување од место за паркирање наназад. Со сензорите во задниот браник се надгледува попречниот сообраќај зад возилото. Ако од страна се приближи автомобил, возач на велосипед или пешак, системот предупредува со сигнален тон и приказ на дисплејот на инфотејнмент системот. Доколку не реагирате навремено, при неминовен судир системот може со интервенција во сопирањето да помогне да се намалат можните последици од незгода или во најдобар случај да се избегнат.

 

 

 

 

Close