VW Golf: Car-Net Guide & Inform

Пакетот на Car-Net услуги "Guide & Inform"¹ по желба Ви е достапен заедно со инфотејнмент системите "Discover Media" и "Discover Pro". на тој начин можете можете да користите податоци од интернет и навремено да дознаете, доколку на пример на некое место се создава застој, или ќе дознаете во кое паркиралиште има слободни места за паркирање.  Со пребарувањето на посебни цели меѓу другото можете брзо да најдете и други цели што би биле од интерес за Вас. како хотели, ресторани или бензински станици.
Со Guide & Inform Plus¹, кој можете да го тестирате заедно со Discover Pro една година бесплатно, дополнително ќе Ви се олесни ориентацијата. Затоа што меѓу другото имате пристап до сателитски слики и детални Google Earth® снимки, како и 360°- панорамски слики од Google Street View®, во зависност од достапниоста на локацијата на која што се наоѓате

 

Повеќе информации околу Car-Net

1) Koристењето на мобилните онлајн услуги Car-Net Guide & Inform е можно само со опционалните опреми "Discover Media" und "Discover Pro". Дополнително  потребен Ви е мобилен краен уред (на пр. паметен телефон), којшто може да делува како WLAN Hotspot. Алтернативно со опцијата интерфејс за мобилен телефон "Premium" може да се користи мобилен телефон со Remote SIM Access Profile (rSAP) или SIM картичка со опција за телефон и податоци.

Car-Net Guide & Inform услугите се достапни само со постоечки или одделно склучен договор за мобилната мрежа помеѓу Вас и Вашиот мобилен оператор и само во рамките на покриеноста на конкретната мобилна мрежа. Со приемот на податочни пакети од интернет, зависно од Вашата актуелна тарифа, а особено при користење во странство можат да настанат дополнителни трошоци (на пр. такси за роаминг). Поради обемот на податоци што настанува во рамките на користењето на Car-Net Guide & Inform услугите задолжително Ви препорачуваме договор за паушална тарифа со Вашиот мобилен оператор! За користење на Car-Net Guide & Inform треба да се склучи посебен договор со Volkswagen AG. Откако ќе му биде предадено возилото, клиентот има 90 дена време да го регистрира возилото на www.volkswagen.com/car-net. Достапноста на Car-Net Guide & Inform услугите може да се разликува во зависност од земјата. Овие услуги се достапни во текот на договореното времетраење на договорот  и можат да подлежат на измени во содржината. Подетални информации за Car-Net Guide & Inform ќе добиете на www.volkswagen.com/car-net и кај Вашиот партнер на Volkswagen; информации за условите за тарифирање при користењето на мобилната мрежа кај Вашиот мобилен оператор.

Close