VW Golf: дизајн на светла

Сериските халогенски фарови со LED светло за дневно возење Ви нудат добра прегледност и при лоши услови на осветленост на патот. Благодарение на регулирањето на висината на светлосниот сноп што исто така спаѓа во сериската опрема, се усогласува висината на светлосниот сноп и при различни состојби на натовареност на возилото.

 Со опционалните LED-фарови дизајнот на новиот Golf особено доаѓа до израз. Тие штедат енергија и поради својот светлосен спектар налик на дневна светлина не ги оптоваруваат Вашите очи. Тие Ви помагаат да одржувате добар поглед кон патот и кон другите учесници во сообраќајот дури и при неповолни услови на видливост.

Опционално достапното интегрирано светло за кривини придонесува за тоа, навремено да ги препознаете препреките при возење по кривини. Освен тоа, добрата видливост може да стане уште подобра и со уредот за чистење на фаровите (со предупредувачко светло за нивото на вода за прскање), којшто е достапен по желба. Кон врвните перформанси на светлосниот дизајн се вбројуваат и опционалните задни светла во 3D LED-технологија со динамични трепкачи: анимирана светлосна лента, којашто ја прикажува насоката на вртење.

Затвори