VW Golf: Избор на возен профил 

Во новиот Golf патувате истовремено динамично и економично. Дали понекогаш посакувате Вашето возило да биде поспортски изведено? Дали со задоволство би возеле со уште поголема заштеда на гориво? Со опционалниот избор на возен профил, одлучувате за тоа во зависност од ситуацијата и од личните потреби. Едноставно со притискање на копче или пак на екранот на допир на Вашиот Infotainment систем, изберете го саканиот возен профил. Кон тоа автоматски се прилагодуваат и погонот, управувањето и менувачот со двојна спојка DSG.

Возниот профил ECO на пример му помага на возачот да вози еколошки додека заштедува гориво. Затоа, меѓу другото тој го прилагодува перформансот на моторот и го активира старт-стоп системот, доколку е исклучен. Освен тоа, се активира регулирање на клима-уредот кое е оптимално во поглед на потрошувачката а исто така и управување со температурата. Доколку се одлучите за менувач со двојна спојка DSG, тој избира рано менување на степени и колку што е можно почесто воведува функција на "пловење" која заштедува енергија.

 

Се разбира, може да уживате и во целосно нормален комфор - тоа го овозможува профилот за возење NORMAL. Ако сепак сакате да возите на спортски начин или да сретнете предизвици на улица со многу кривини, профилот SPORT е вистинскиот избор за Вас. Профилот INDIVIDUAL се истакнува со посебна флексибилност: со него можете да комбинирате поединечни поставувања според Вашите желби, дури и да ги меморирате оние поставувања кои ги претпочитате во врска со греењето, клима-уредот и фаровите.

 

Затвори