VW Golf: Надворешност

 

Новиот Golf импресионира со формални аспекти до најмали детали: предниот дел на возилото е забележителен со нагласената спортска решетка за вентилација со амблем на Volkswagen, зад која се крие предниот сензор за различни опционални системи за помош. Во варијантите на опрема Comfortline и Highline решетката за вентилација е украсена со хромирани лајсни. Притоа тој делува особено рамен и има динамичен изглед поради тенките фарови кои се издигнуваат високо во крилата и браниците кои се потенки во долниот дел. Неговата енергична силуета со карактеристични C-столбови во комбинација со неговото великодушно меѓуоскино растојание и кратките надвиснати делови дава елан кој е совршен за еден Golf. Во задниот дел импресионираат моќните и елегантни контури, задниот дифузер и самоуверените задни светла во LED техника.

Close