VW Golf: Кожен ентериер 

За Вашиот нов Golf изберете ја опремата што ја претпочитате од разновидниот избор на преслеки од кожа и од Art-велур. Една посебна карактеристика Ве очекува и кај кожниот ентериер Vienna: кожата е перфорирана и покажува контрасти во боја.
За што и да се одлучите, возачот и совозачот ќе бидат разгалени со комфорните седишта, коишто се грижат за доброто странично држење. Секако, постои можност и за греење на седиштата. Освен тоа, израдувајте се и на пријатниот допир на кожата мултифункционалниот кожен управувач и на рачката на менувачот. Почнувајќи од линијата на опрема Comfortline, и управувачот може опционално да се загрева - благодет во ладните денови.

Close