VW Golf: Систем за помош во управување при паркирање "Park Assist" 

Само 80 cm растојание за маневрирање му се доволни на опционалниот систем за помош во управување при паркирање "Park Assist" и тој го паркира Вашиот Golf во празниот простор. А истиот може и самиот да го препознае - при поминување покрај него со максимална брзина од 40 km/h. Но, тој Ви помага не само при паркирање наназад, туку и при паркирањето нанапред во попречни и надолжни места за паркирање - на пример во подземните гаражи, каде што просторот најчесто е премногу тесен.

Вие ракувате со спојката, педалот за гас и сопирачката, а системот за помош управува за Вас во местото за паркирање долж идеалната линија - и од местото за надолжно паркирање повторно Ве изнесува надвор. Помошта при управување можете во секое време со интервенирање врз управувачот, вадење од степен или со притиснување на копчето за Park Assist Taster да ја прилагодите односно да ја деактивирате.

Close