VW Golf: Радија 

Кон врвните перформанси на сериското радио Composition Colour се вбројува и екран во боја на допир со дијагонала на екранот од 16,5 cm (6,5 инчи). Од осумте звучници ќе слушате FM радио станици или музика во MP3 или WMA формат. Како извор за овие музички датотеки може да послужи SD-картичка, CD-плеер и надворешен уред поврзан преку AUX-IN интерфејс.

Кон радиото Composition Media припаѓаат осум звучници. Располага со CD-читач и има можности за приклучување како кај претходно споменатото радио, надополнети со USB-интерфејс и Bluetooth врска за мобилни телефони. Притоа, тоа е доста комфорно за ракување, бидејќи екранот на допир во боја има значителна големина од 20,3 cm (8 инчи).
 
Двата уреда се опремени со Diversity антена, којашто и при отежнати услови придонесува за добар прием.

 

 

Close