VW Golf: систем за помош при застој и Еmergency Assist 

Опционалниот систем за помош при застој користи докажани функции, како што се автоматското регулирање на растојанието ACC и системот за помош при одржување на коловозната лента "Lane Assist", за да се овозможи комфорно возење во колона при застој. На тој начин, Вашиот Golf го следи возилото пред него и самостојно го управува додавањето гас и сопирањето во рамките на системските граници. Притоа, возилото се одржува во коловозната лента.

Опционалниот систем Emergency Assist автоматски се активира, доколку не може да се утврди активност на возачот и кога и покрај предупредувањето нема реакција. Во таков случај, системот се обидува со сопирање, предупредувачки тонови, предупредувачко трепкање и со нишање во сопствената лента, да го реактивира возачот, а во исто време и да ги предупреди сопатниците и другите учесници во сообраќајот. Доколку и покрај тоа не се преземе управувањето на возилото, возилото на контролиран начин ќе се доведе до состојба на мирување. На тој начин, може да се спречи незгода во рамките на системските граници.

 

 

Затвори