VW Golf: Телефонија 

Повеќе нема да пропуштите ниту еден разговор, а сепак ќе останете сконцентрирани на сообраќајот. За удобно телефонирање за време на возењето се грижат опционалните интерфејси за телефон. Тие нудат особено висок квалитет на пренос на говор: благодарение на дигиталниот процесор за говорење, висококвалитетниот микрофон во внатрешниот дел од покривот и сопствените звучници на возилото. Со поврзувањето на надворешната антена, приемот е оптимален дури и во критична мрежна покриеност.

Во изведбата Comfort, мобилниот телефон се поврзува со надворешната антена без кабел преку индуктивно поврзување на антената во средишната конзола. На тој начин, не Ви е потребно купување на соодветен држач за мобилен телефон.

Во варијантата Premium можете и надвор од автомобилот да ги префрлите веќе започнатите разговори на уредот за разговор со слободни раце преку Bluetooth, при што Вашиот телефон Ви останува во чантата. Ракувањето се врши преку говорно управување, со помош на мултифункционалниот управувач или преку инфотејнмент системот. Сосема едноставно - и токму онака, како што сакате.

 

Уште повеќе информации за мобилната телефонија на Volkswagen

 

Со приемот на пакетите со податоци од интернет, зависно од Вашата актуелна тарифа, а особено при користење во странство можат да настанат дополнителни трошоци (на пр. такси за роаминг). Volkswagen Додатоци Ви препорачува договор за паушална тарифа со Вашиот мобилен оператор.

Close