Мени
Search
Der neue VW ID.7
Der neue VW ID.7

Новиот ­ID.7

За поголема слобода.

Со новиот, целосно електричен ID.7, Volkswagen одново ги дефинира перформансите на електричната мобилност. Целосно електричната лимузина комбинира долг досег, брзо полнење, голем простор и интуитивно ракување за да стане нов премиум стандард на Volkswagen.

Детали за новиот ID.7

VW ID.7
VW ID.7
VW ID.7 Panoramadach
VW ID.7
VW ID.7
VW ID.7
VW ID.7 Panoramadach
VW ID.7
VW ID.7
VW ID.7
VW ID.7 Panoramadach
VW ID.7

Конективност: Дигиталната врска со вашиот ID.7

Понудите за конективност на Volkswagen ви овозможуваат поголем комфор и забава. Поврзувањето на вашиот ID.7 со интернет и со вашиот паметен телефон ви помага порелаксирано да пристигнете до вашата дестинација - вие само треба да возите

Ценовник

Превземете го актуелниот ценовник за ID.7

Полнење дома и по пат

Сè на нула

Пред нас е најголемиот предизвик во историјата на нашата компанија. Можеби најголемиот во историјата на мобилноста: Преземаме одговорност за нашиот удел во емисиите на CO₂ насекаде низ светот. Тоа е нашиот пат кон нула емисии. А започнува овде.

VW Way to Zero

Други модели кои би можеле да ве интересираат

Дигитален кокпит

Дигитален кокпит со интелигентни отвори за воздух

Сè при рака

Едно сосема ново корисничко искуство ве очекува во дигиталниот кокпит на вашиот ID., кој поставува нови стандарди и се претвора во вистински Smart Device со најновиот, интуитивен концепт на ракување. Преку серискиот дисплеј со екран од 38 центиметри (15 инчи) добивате удобен пристап до најважните функции. Омилени што може индивидуално да се конфигурираат и уште повеќе апликации на почетниот екран гарантираат брзо ракување и го подобруваат искуството при ракувањето.

Контролите за климатизацијата се интегрирани во првото ниво на Infotainment системот. Различните функции на новиот концепт на климатизација се секогаш видливи на новиот голем дисплеј и на него може да се активираат и зачувуваат поединечно, зависно од корисникот. Интелигентните отвори за воздух го регулираат протокот на воздух, а посебни опции се активираат преку говор. На пример, на "Здраво Volkswagen, студени ми се рацете!", ID.7 реагира со активирање на греењето на управувачот. Дополнително струи топол воздух кон рацете.

VW ID.7