Полнење дома
Замислете да влезете во вашиот електричен автомобил наутро и да го започнете денот полни со енергија. Имено, додека сте одмарале преку ноќ, вашиот автомобил се наполнил. Звучи добро, нели? И воопшто не е комплицирано - сè што ви треба е опционален мрежен кабел за полнење или Wallbox.
Wallbox – приватна станица за полнење
Веројатно најудобниот начин за полнење на батеријата на вашиот автомобил е да користите Wallbox за домашна употреба. За таа цел, на пр. MOON нуди голем избор решенија за полнење, кои ги исполнуваат сите барања. MOON ви овозможува да влезете во светот на електричната мобилност. Од Wallbox со домашна батерија и фотоволтаичен систем, па сè до станица за брзо полнење, MOON го покрива целиот спектар на електрична мобилност. Производството, складирањето и економичното користење на обновливите извори на енергија се клучни прашања за иднината. Одамна се зборува за "мобилноста на иднината" - таа иднина е денес.
Полнење преку мрежен кабел за полнење
Батеријата во вашиот електричен автомобил можете исто така да ја полните и користејќи обична приклучница за домаќинство. На пример, кога патувате. Сè што ви треба е опционален мрежен кабел за полнење. Едноставно го приклучувате кабелот за полнење во приклучницата и штекерот за полнење во вашето возило. Но, Wallbox кутиите како ID. Charger¹ го полнат Вашиот електричен автомобил значително побрзо и се дизајнирани токму за таа намена.