Овде започнува новата ера
Со ID.3 започнува нова, динамична ера во светот на електричната мобилност. Електричните перформанси се среќаваат со револуционерниот дизајн и досегот за секојдневна употреба. А за оние, кои се во потрага по промени. Иднината е подготвена. Придружете ни се.
ID.3 на пат во Аусерланд
Стартувајте CO2 неутрално
Најавивме дека ID.3 ќе Ви го предадеме CO2-неутрален²⁾. За исто од почеток да патувате со неутрален CO2, го намалуваме и избегнуваме CO2 во изготвувањето најпрво со помош на разни мерки, кои се опишани во делот "Заедно за поголема заштита на климата". Кон тоа припаѓа на пример користењето на еколошка струја при изготвување на батериските ќелии, како и во фабриката во Цвикау, каде се создава ID.3. Емисиите на Co2 кои не може да се избегнат од производството до предавањето на клиентите, кои се одредуваат со помош на еколошки извештај, ги балансираме исклучиво преку сертифицирани проекти за заштита на климата. За првите ID.3 се користеа сертификати од проектот за заштита на шумите Kantingan Mentaya (www.katinganproject.com). Тие се сертифицирани согласно стандардот Verified Carbon Standard (VCS) и стандардот Climate, Community & Biodiversity Standard (CCB).
Електричната мобилност дополнително нуди голема шанса скоро целосно да се намалат емисиите на CO2 исто и во фазата на користење: Со целно полнење со еколошка струја. Заштитата на климата исто така е и во Ваши раце!
ID.3. Ве поздравува. Ви дава електричност. Ве носи напред
Батерија и досег
Моќен перформанс. Брзо полнење.
Поздрав
ID.3 вели "Здраво". Со светло.
ID. Light
Многу паметен: интелигентниот концепт на светла
-
Навигациски систем "Discover Pro"
- Телефонски интерфејс "Comfort" со функција за индуктивно полнење (не за Basis)
- Навигациски систем "Discover Pro"
- Телефонски интерфејс "Comfort" со функција за индуктивно полнење
- 6+1 звучници
- Head-up дисплеј
-
Амбиентално осветлување во 30 бои
- LED-Matrix фарови со автоматско вклучување на светло за возење, светло за лоши временски услови, функција за поздравување
- LED задни фарови со динамички трепкачи
- Светлосна лента меѓу фаровите
- Затемнети странични стакла назад и затемнето задно стакло
-
Амбиентално осветлување во 30 бои
- LED-Matrix фарови со автоматско вклучување на светло за возење, светло за лоши временски услови, функција за поздравување
- LED задни фарови со динамички трепкачи
- Светлосна лента меѓу фаровите
- Затемнети странични стакла назад и затемнето задно стакло
- Панорамски покрив
Напомена за моќноста
ID.3 Pro Performance нуди 58 kWh нето количина на енергија во батеријата и до 426 km досег (WLTP). Системската моќност на ID.3 Pro Performance изнесува 150 kW / 204 КС.
Моментално можете да изберете меѓу варијантите на опрема Performance, Life, Business, Family, Tech и Max.
ID.3 Pro S Tour доаѓа со 77 kWh нето количина на енергија во батеријата, досег до 549 km (WLTP) и системска моќност од 150 kW / 204 КС.
e-Технологија
Моќен перформанс. Брзо полнење.
Удобно возење наутро до работа, пред тоа брзо носење на децата во школо и навечер враќање назад - со полнење на батеријата во принцип тоа не е проблем. Тоа може секој лесно да го постигне со можните димензии на батерии во ID.3. Притоа имате избор од 58 kWh или 77 kWh. Батерија со помали димензии ќе Ви биде на располагање подоцна. Покрај тоа гарантираме за сите ID. модели со гаранција за батеријата⁵⁾ за осум години или 160.000 km.
Новото чувство на брзина
Ве нервираат семафорите? Не и во ID.3! Уште од почеток претставува задоволство секој семафор да се смета за нов старт и да се тргне. Без менување степени, без задоцнување. Едноставно забрзувајте динамично и тоа со целосен вртежен момент од почеток. Сами почувствувајте ја мобилноста од иднината и целосно нов вид на задоволство при возењето, додека седите во седиштето. ID.3 го има во различни варијанти. Моделите кои се базираат врз Pro Performance имаат забрзување од 0 на 100 km/h за 7,3 секунди. Моделите кои се базираат врз Pro S имаат забрзување од 0 на 100 km/h за 7,9 секунди.
Го забрзува полнењето
Предноста на електричните возила: Полнењето е возможно скоро секаде - дома од домашната струја, на опционалната ѕидна кутија, на паркинзи со станици за полнење, кај многу партнери на Volkswagen и други авто-куќи, на голем број бензински станици - а секој ден кон тоа се додаваат уште многу можности. Со тоа се создава целосно нова флексибилност на полнењето.
Комфор
Многу паметен: интелигентниот концепт на светла
ID. Light со Вас комуницира визуелно и заедно навигацискиот систем помага порелаксирано да поминете низ сообраќајот. Доколку треба да го користите говорното управување, за Вашиот глас ќе добиете повратна порака преку светлосен сигнал. Штом го напуштите Вашиот ID.3, ID.Light Ве испраќа со поздрав - со интелигентна светлосна ознака.
Релаксирано гледајте ја иднината. И улицата.
Опционалниот AR Head-up дисплеј пренесува корисни информации директно во видното поле на ветробранското стакло и притоа Ви помага да патувате порелаксирано. На тој начин Ви покажува на пример како мора да вртите на кривини. Проекцијата на стаклото и случувањата на улицата притоа изгледаат како едно. За поголем комфор при возењето секој ден.⁶⁾
Нема да остане незабележан: панорамскиот покрив
Со големата стаклена површина, која се протега преку целата ширина на покривот, опционалниот панорамски покрив е прав магнет за погледи. Уште поубав: слободниот поглед кон небото. Покрај тоа затемнетото стакло се грижи за пријатна температура. Од силна сончева светлина штити ролетната за сонце, која можете многу удобно да ја ракувате на пример преку говорно користење. Изговорете "Здраво ID., покажи ми ги ѕвездите" и ролетната ќе се отвори.
Сè е под контрола. По Ваша наредба.
Пребарување на важни копчиња за време на возењето е минато. Задржете го прегледот на улицата и сосема едноставно управувајте преку интуитивно говорно користење, на пр. со радиото, опционалниот навигациски систем или Вашиот телефон. Едноставно изговорете "Здраво ID." - и системот ќе Ве разбере.
Сами создадете си слика од ID.3
Дизајн
ID.3 вели „Здраво“. Со светло.
Заедно со опционалниот систем за затворање и стартување "Keyless Advanced" ID.3 ќе Ве препознае веднаш штом се приближите со клучот на возилото. Стилските LED-Matrix фарови кои можете да ги добиете по желба кратко ќе светнат како да сакат да ви намигнат и притоа Вам ќе Ви се причини дека ID.3 има човечки особини. ID.Light веднаш дава чувство на добредојденост во внатрешниот простор. При стартување се огласува тивок звук, кој дава инспирација веднаш да тргнете. Штом го напуштите Вашиот ID.3, ID.Light Ве испраќа со поздрав преку интелигентна светлосна ознака.
Помалку автомобил. Повеќе ID.
Го карактеризираат футуристичкиот изглед на ID.3> опционалните предни LED-Matrix фарови, новооформеното лого на Volkswagen и дополнителната светлосна линија, која од двете страни се протега до логото. Колку што предниот дел изгледа футуристички, толку завршетокот на задниот дел дава совршен облик.
И? Ви се допаѓа?
Целосниот новосоздаден дизајн совршено продолжува и во внатрешниот простор. Футуристички, удобен и истовремено прегледен. За тоа придонесуваат атрактивни седишта, големи слободен простор за нозете, непостоење на средишен тунел и голем екран на допир; тука се и ID.Light и амбиенталното осветлување, кои можете индивидуално да ги приспособите.
Многу јасно: пријатни бои, порелаксирано возење.
Дадете му на Вашиот ID.3 повеќе карактер. Притоа изберете од десетте сериски омилени бои (опционално возможни се 30 бои) и подарете му сјај на внатрешниот простор. Меѓу другото на инструментната табла, преградата за мобилен телефон (опционално) и на вратите. Осветлување со ладни или топли тонови на бои - изборот е Ваш.
We Charge во апликацијата We Connect ID .
Функциите на We Charge се вградени во апликацијата We Connect ID . Едноставно во апликацијата можете да пребарате и пронајдете јавни станици за полнење и да ја проверите нивната моментална достапност. За целосна транспарентност на трошоци можете да ги погледнете сите Ваши процеси на полнење. Дури и управувањето со Вашата тарифа и картичка за полнење е оддалечено само еден допир со прст. Звучи добро, нели? Еве како оди преземањето на апликацијата.
ID. Light: Комуникација преку светло
Со говорното користење ID.3 слуша зборови и според тоа визуелно комуницира со патниците - благодарение на целосно новиот интелигентен концепт на светла на ID. Light. Попречно преку кокпитот се протега LED лента, која на возачот во боја му истакнува разни функции.