Почитувани дами и господа,


Во јуни 2016 година, ние ја лансиравме Кампањата за сервис. Во меѓувреме беа развиени технички мерки за сите засегнати возила на Volkswagen и истите беа одобрени од Агенцијата за сертификација на возила на Обединетото Кралство. Во моментов, можеме да започнеме со имплементацијата на техничката мерка за останатите корисници.

За да одредите дали софтверот кој е во прашање е инсталиран во Вашето возило, Ве молиме посетете го Вашиот овластен партнер, јавете се на регионалната дежурна линија за Volkswagen Diesel, или пополнете инстант онлајн прашалник на Volkswagen Diesel Campaign app.

Ве уверуваме дека довербата на нашите корисници и јавноста од секогаш била и ќе остане наш најголем приоритет. Длабоко жалиме за настанатата ситуација. Важно е нашите корисници да знаат дека сите возила се безбедни и подготвени за пат. Ние ќе ги покриеме во целост трошоците за имплементација на потребните технички мерки.

Ви благодариме на разбирањето.