Прашања и одговори / ЧПП

Мерка за градење доверба
(по имплементацијата на техничката мерка)
- дизел мотори-

 

Комуникации на Групацијата

 

 

Содржина

I. Општи прашања за Мерката за градење доверба  2

II. Детални прашања за Мерката за градење доверба  3

 

 

 

I. Општи прашања за Мерката за градење доверба

1.      Што претставува Мерката за градење доверба на Volkswagen и што покрива истата?

Со Мерката за градење доверба, Volkswagen ги информира своите корисници дека ќе ги разгледа сите жалби за кои е утврдено дека настанале како резултат на имплементацијата на техничката мерка на возила со дизел мотори од типот EA189, а кои се однесуваат на одредени делови од моторот и системот за третман на издувни гасови.

Мерката за градење доверба важи за период од 24 месеци откако возилото ќе ја прими техничката мерка и само за возила со километража под 250,000 километри во времето на имплементирање на Мерката за градење доверба (кое и да настане прво).

Volkswagen секогаш изјавуваше дека имплементирањето на техничката мерка нема негативно влијание врз потрошувачката на гориво, емисиите на CO2, моќноста на моторот, вртежниот момент, бучавата, или трајноста на моторот и неговите компоненти. Сите бројки кои се релевантни за одобрувањето на типот на возилото ќе останат валидни и понатаму. Регулаторните органи јасно потврдија дека регулаторните барања се исполнети. Потврдата, исто така, важи и за барањата за трајност на системите за контрола на емисии. Мерката за градење доверба не влијае на ова тврдење.

Во рамките на Мерката за градење доверба, Volkswagen испраќа јасен сигнал дека надградбата нема негативни ефекти врз трајноста на возилото. Оваа мерка треба да служи за зајакнување на довербата на корисниците во техничката мерка и треба да охрабри повеќе корисниците да ги надградат своите автомобили.

Корисниците набрзо ќе добијат детални информации за условите за Мерката за градење доверба од сите овластени дилери и сервисни работилници за нивниот соодветен бренд на возило.

 *

2.      Кои брендови ја нудат Мерката за градење доверба и кои модели се засегнати?

Мерката за градење доверба важи за сите модели на Volkswagen, Audi, Seat, Skoda и Volkswagen Комерцијални Возила со дизел мотори од типот ЕА189 кои ја примиле техничката мерка.

3.      Во кои земји е достапна Мерката за градење доверба?

Мерката за градење доверба важи во целиот свет, со исклучок на Соединетите Американски Држави, Канада и Јужна Кореја, кои се предмет на различни регулативи.

Корисниците набрзо можат да добијат детални информации за условите на Мерката за градење доверба од сите овластени дилери и сервисни работилници за нивниот соодветен бренд на возило.

*

4.      За кого важи Мерката за градење доверба?

Мерката за градење доверба ќе им биде понудена на сите корисници на Volkswagen, Volkswagen Комерцијални Возила, Audi, SKODA и SEAT чиишто возила се опремени со дизел мотор од типот EA189, а кои ги надградиле своите возила како дел од повикот за сервис* за дизел мотори. Важи само за возила со километража под 250,000 километри во времето на имплементирање на Мерката за градење доверба. За да бидат квалификувани, корисниците мора да покажат доказ дека целиот сервис препорачан од производителот и работата за одржување се извршени (т.е ова важи за возила со целосна историја на сервиси).

Мерката за градење доверба исто така важи за сите корисници чиишто квалификувани возила веќе ја примиле техничката мерка, од датумот кога ја примиле (доколку сите други барања за Мерката за градење доверба се исполнети). Мерката за градење доверба е поврзана со идентификацискиот број на возилото и ќе важи и за новиот сопственик ако возилото се продаде во рок на 24 часовниот период опфатен со критериумите за важност.

Мерката за градење доверба важи во целиот свет, со исклучок на Соединетите Американски Држави, Канада и Јужна Кореја, кои се предмет на различни регулативи.

II. Детални прашања за Мерката за градење доверба

5.      Кои компоненти се опфатени со Мерката за градење доверба?

Мерката за градење доверба опфаќа вкупно 11 компоненти во рамките на системот за рециркулација на издувни гасови, системот за вбризгување гориво и системот за пост-третман на емисии: ламбда сонда, сензор за температура, EGR вентил за промена, вентил за рециркулација на издувни гасови, сензор за диференцијален притисок за рециркулација на издувни гасови, вбризгувач, пумпа за висок притисок, цевка за довод на гориво, вентил за контрола на притисок, сензор за притисок, цевки под висок притисок.

Мерката за градење доверба не влијае на ставот на Volkswagen дека техничките мерки немаат никакви негативни ефекти врз трајноста на моторот и неговите компоненти.

Регулаторите потврдија дека техничките мерки ги исполнуваат сите законски барања и немаат негативно влијание врз потрошувачката на гориво, емисиите на CO2, моќноста на моторот, вртежниот момент и емисиите на бучава.

Корисниците веднаш може да добијат детални информации за условите на Мерката за градење доверба од сите овластени дилери и сервисни работилници, за нивниот соодветен бренд на возило.

6.      Кои се сервисните идентификациски броеви за 11 компоненти на Мерката за градење доверба?

11 компоненти на Мерката за градење доверба одговараат на следниве 15 сервисни идентификациски броеви:

Сервисен идентификациски број

Опис

2330

Цевки под висок притисок

2340

Вбризгувач

2357

Ламбда сонда

2358

Сензор за температура

2370

Систем за вбризгување гориво

2371

Вентил за контрола на притисок

2372

Сензор за притисок

2373

Цевка за дистрибуција

2374

Пумпа под висок притисок

2379 за Skoda

*

Куќиште за вентил за придушување

*

2637

EGR вентил за промена

2639

Вентил за рециркулација на издувни гасови

2643

Уред за ладење на рециркулацијата на издувните гасови

2672

Сензор за температура за емисии

2675

Сензор за диференцијален притисок на EGR

 

7.      Од кога и колку долго ќе важи Мерката за градење доверба?  Дали таа важи ретроактивно за корисниците кои веќе го надградиле своето возило?

Мерката за градење доверба опфаќа вкупно 11 компоненти во рамките на системот за рециркулација на издувни гасови,  системот за вбрзигување гориво и системот за пост-третман на емисии. Важи во период од 24 месеци откако возилото ќе ја прими техничката мерка. Исто така важи за сите корисниците чиишто квалификувани возила се веќе надградени.

Корисниците набрзо ќе можат да добијат детални информации за условите на Мерката за градење доверба од сите овластени дилери и сервисни работилници за нивниот соодветен бренд на возило.

 *

8.      Каква ќе биде Вашата политика кон корисниците кои имале проблеми со засегнатите компоненти по надградбата на софтверот и кои можеби ги замениле истите на свој трошок? Дали ќе обезбедите компензација за овие корисници ретроактивно?

ŠKODA не сака корисниците кои веќе ги надградиле своите возила да бидат во понеповолна позиција во споредба со оние кои сега ќе ги надградат своите возила. Според тоа, во однос на сите поправки на било кој од горенаведените сервисни идентификациски броеви кои биле претходно извршени кај некое возило на ŠKODA по имплементирањето на надградбата, сè додека условите на Мерката за градење доверба се исполнети, ŠKODA целосно ќе ги покрие сите плаќања кои биле извршени од страна на корисникот во однос на трошоците за поправка за овие сервисни идентификациски броеви, на истиот начин како Мерката за градење доверба да била имплементирана во времето на првичната поправка.

Корисникот мора да ја покаже фактурата која покажува дека поправката била извршена на еден од горенаведените сервисни идентификациски броеви по сервисот за надградба.

Секое барање за рефундирање мора да биде доставено кај овластениот  ŠKODA сервисен партнер во рамките на истата земја во која поправката била извршена или, како замена, само за OK, преку Центарот за услуги за корисници, пред 31 декември 2017 година.

Во случаите каде што корисниците бараат рефундирање на нивните претходни трошоци за поправка и ако условите се исполнети, се очекува продавачот на ŠKODA да му додели ваучер за сервис на корисникот во вредноста на настанатите трошоци. Доколку корисникот го одбие истото, се очекува продавачот да му ги надомести трошоците на корисникот. ŠKODA ќе му ги надомести на продавачот трошоците за посебниот третман до вредноста на рефундирањето.

9.      Какви се условите за Мерката за градење доверба?  

Мерката за градење доверба е достапна за сите возилa со мотор од тип ЕА189 кои ја примиле техничката мерка (кампања за сервис 23R6), за период од 24 месеци откако возилото ќе ја прими техничката мерка и возила со километража помала од 250,000 километри во времето на имплементирање на Мерката за градење доверба, доколку корисниците покажат доказ дека целиот сервис кој е препорачан од производителот и работата за одржување се завршени (т.е. ова важи за возила со целосна историја на сервиси) и доколку сите релевантни критериуми за квалификација се исполнети.

Мерката за градење доверба не важи за возила со кои е несоодветно ракувано или кои биле несоодветно одржувани во минатото (на пр. преку чип тјунинг или монтажа на половни резервни делови), или таму каде што штетата може да била предизвикана од надворешни влијанија, како на пример незгода. Слично на тоа, Мерката за градење доверба не го опфаќа природното трошење на сервисните идентификациски броеви кои се во прашање.

За квалификуваноста на корисникот одлучува релевантниот овластен центар врз основа на информациите обезбедени од корисниците (во согласност со одговорноста за докажување), во тесна консултација со одделот за служба на корисниците на релевантниот бренд на Volkswagen Групацијата.

Корисниците набрзо ќе можат да добијат детални информации за условите за Мерката за градење доверба од сите овластени дилери и сервисни работилници за нивниот соодветен бренд на возило.

*

10. Како корисниците ќе бидат известени за Мерката за градење доверба?

Техничките мерки во моментов се имплементираат во согласност со временската рамка и акцискиот план, во координација со релевантните органи. Брендовите на Групацијата ќе ги известуваат сите засегнати клиенти за техничките мерки на постојана основа, и ќе бара тие да закажат состанок со овластениот сервисен центар по сопствен избор (за да ја имплементираат техничката мерка).

Корисниците набрзо ќе добијат детални информации за условите на Мерката за градење доверба од сите овластени дилери и работилници за својот соодветен бренд на возило.

 *

10.    

11.   Што е со проблемите кои не се опфатени со Мерката за градење доверба?  

Volkswagen отсекогаш изјавуваше дека надградбата на софтверот нема негативно влијание врз потрошувачката на гориво, емисии на CO2, моќност на моторот, вртежен момент, бучава, или трајност на моторот и неговите компоненти. Ова останува да важи и понатаму, независно од Мерката за градење доверба.

 

Корисниците кои сметаат дека имаат технички проблем со нивното возило, треба да го контактираат овластениот сервисен центар за својот избор, без одложување. Нашите сервисни центри секогаш ќе вложуваат напори за да го решат секој проблем на задоволство на корисникот, затоа што задоволството на корисникот е наш најголем приоритет.

12.   Кај кои дилери важи Мерката за градење доверба/ Дали можам засегнатите сервисни идентификациски броеви да ги поправам во независен сервисен центар?

Кај самата надградба, Мерката за градење доверба може да се побара во овластен сервисен центар. Одлуката за тоа дали да се додели Мерка за градење доверба или не, треба да биде разгледана од овластен сервисен центар врз основа на информациите кои се обезбедени од корисниците (согласно одговорноста за докажувањето), а одлуката дали да се додели Мерката за градење доверба ќе се донесе само во тесна консултација со одделот за служба за корисници на релевантниот бренд на Volkswagen Групацијата.

13.   Кој одлучува дали да се додели Мерката за градење доверба?

Одлуката дали да се додели Мерката за градење доверба ќе биде разгледувана од страна на овластениот сервисен центар врз основа на информациите обезбедени од корисниците (во согласност со товарот за доказ) и одлука дали да се додели Мерката за градење доверба ќе се донесе само по блиска консултација со Одделот за грижа за корисници на релевантниот бренд на Volkswagen Групацијата. Корисниците можат набрзо да добијат детални информации за условите на Мерката за градење доверба од сите овластени дилери и работилници за нивниот бренд на возило.

Доколку има достапно грижа за корисници во соодветниот пазар: се разбира  сите корисници можат исто така да контактираат и со одговорниот контакт за грижа за корисници преку писмо, е-пошта или телефон.]

14.   Зошто Мерката за градење доверба се применува само за 11 конкретни компоненти? Дали веќе сте забележале негативни ефекти на тие делови?

Не.

Од Volkswagen отсекогаш тврделе дека нивните корисници нема да имаат негативни последици од техничките мерки, вклучително во однос на трајноста на моторот и неговите компоненти. Регулаторите потврдија дека одобрените технички мерки немаат негативно влијание врз бројките на потрошувачка на гориво, бројките на емисии на CO2, аутпутот на моторот, вртежниот момент и емисиите на бучава. Овие мерки се исто така оддржливи.

Сепак, и покрај ова, има повратни информации дека барем некои од нашите корисници сѐ уште се загрижени за влијанието на техничките мерки врз трајноста на компонентата. Ова може да биде, во неколку случаи, причина за возилото да не се надгради. Затоа, со Мерката за градење доверба сакаме да ја зајакнеме довербата на корисниците во техничките мерки и се надеваме да го зголемиме бројот на корисници кои ќе се одлучат да учествуваат во сервисната акција.

15.   Како ќе осигурате дека сите делови ги има во залиха?

Ќе се работи на вообичаениот начин. Volkswagen Групацијата користи комплексен систем за управување со резервни делови кој осигурува дека деловите се навреме достапни без какви било недостатоци.

16.   Што се случува доколку се промени сопственоста? Дали Мерката за градење доверба ќе продолжи да се применува?

Мерката за градење доверба е поврзана со идентификацискиот број на возилото и продолжува да важи и во случај на нов сопственик, доколку возилото е продадено во рамките на 24-месечниот период покриен со Мерката за градење доверба и доколку се исполнети сите други барања. Корисниците можат наскоро да добијат детални информации за условите на Мерката за градење доверба од сите овластени дилери и работилниците за нивниот соодветен бренд на возило.

*

17.   Дали Мерката за градење доверба подлежи на ограничување на километражата?

Да. Volkswagen ја става Мерката за градење доверба на располагање за максимална километража на возилото од 250.000 километри (во моментот кога Мерката за градење доверба е имплементирана). Техничката мерка мора исто така да била примена не повеќе од 24 месеци пред спроведувањето на Мерката за градење доверба.

18.   Дали Мерката за градење доверба инволвира одбитна франшиза - на пример, за стари делови или делови кои подлежат на амортизација?

Мерката за градење доверба не покрива природна амортизација, ниту пак се применува доколку возилото има нестандардна измена. Одлуката дали да се додели Мерката за градење доверба ќе ја разгледува овластениот сервисен центар врз основа на информациите обезбедени од страна на корисниците (во согласност со товарот за доказ) и одлуката дали да се додели Мерката за градење доверба ќе се донесе само по блиска консултација со Одделот за грижа за корисници на релевантниот бренд на Volskwagen Групацијата. Корисниците можат набрзо да добијат детални информации за условите на Мерката за градење доверба од сите овластени дилери и работилници за нивниот бренд на возило.

*

19.   Дали корисниците добиваат писмена потврда за Мерката за градење доверба откако техничката мерка ќе се имплементира?

Корисниците можат набрзо да добијат детални информации за условите од Мерката за градење доверба од сите овластени дилери и работилници за брендот на нивното возило.

*

 

20.   Дали Мерката за градење доверба е законски обврзувачка? Дали можам да поднесам тужба во врска со истата?

Мерката за градење доверба не им дава на корисниците законски спроведливо право. Се дава доброволно од страна на Volkswagen AG во интерес на корисниците, за да ја зајакне нивната доверба во сигурноста на техничката мерка и за да се охрабрат повеќе корисници да ги надградат своите возила.

21.   Дали Мерката за градење доверба ги зајакнува аргументите во правните предмети против Volkswagen AG?

Не.

Со Мерката за градење доверба, Volkswagen AG дејствува во најдобрите интереси на корисниците, за зајакнување на нивната доверба во сигурноста на техничката мерка и за да се охрабрат повеќе корисници да ги надградат своите автомобили.

Мерката за градење доверба нема влијание врз ставот на Volkswagen  дека техничките мерки немаат негативно влијание врз бројките на потрошувачка на гориво, бројките на емисии на CO2, аутпутот на моторот, вртежниот момент, емисиите на бучава, или трајноста на моторот или неговите компоненти. 

22.   Која е разликата помеѓу оваа Мерка за градење на доверба и гаранција?

Мерката за градење на доверба не им дава на корисниците законски спроведливо право. Се дава доброволно од страна на Volkswagen AG во интерес на корисниците, за да ја зајакне нивната доверба во сигурноста на техничката мерка.

Сопствениците на возила веќе се известени од нивните соодветни брендови на Volkswagen Групацијата. Преостанатите корисници се информираат постепено. Откако ќе добијат известување, тие може да закажат наградување на возилото во овластен сервисен центар кој што ќе го изберат.

Ние имаме планиран распоред и очекуваме дека процесот на повикување* ќе продолжи до есента од 2017 година.

 

 

* На пазарите каде што  не постои "повик" во правна смисла на зборот, Одделот за односи со јавност треба го користи применливиот термин (на пр. "доброволна кампања за сервис" во Обединетото Кралство)

* На пазари каде што нема "повик " во правната смисла на зборот, Одделот за односи со јавноста треба да го користи применливиот термин (на пр.: "доброволна кампања за сервис" во Обединетото Кралство)